Општина Крива Паланка ќе поставува фотоволтаици на кровните конструкции на училиштата
Со средства обезбедени преку Министерството за финансии, како грант од Европска Унија за подобрување на рурална инфраструктура, Општина Крива Паланка ќе постави фотоволтаични инсталации на три кровни конструкции и тоа: ООУ Јоаким Крчовски, ООУ Илинден и СОУ Ѓорче Петров со вкупна моќност од околу 70KW.