По 42 години, сменети паноата во Спомен куќата на Страшо Пинџур
Сменети се паноата во Спомен куќата на народниот херој Страшо Пинџур во кавадаречкото село Ваташа, 42 години од отворањето на објектот за посетители. Директорката на кавадаречкиот музеј, Весна Ѓорѓиева информира за МИА дека станува збор за проект од национален интерес за реновирање и дополнување на историската поставка, поддржан од Министерството за култура.