Над 155 милиони денари за капитални проекти во Демир Хисар
Општина Демир Хисар во текот на годината најголем дел од буџетот ќе го вложи во капитални проекти, чиј главен фокус е инфраструктурата. Според градоначалникот Марјанче Стојановски со буџет од над 155 милиони денари, општината ќе се стабилизира, а владината поддршка ќе овозможи непречена изградба на патишта и улици, водоводни системи и речни корита, како и набавка на нови минибуси за превоз на ученици.