Во Велес, велешко и целиот повардарски регион нема мали сипаници
Според информацијата од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, велешко и целиот повардарски регион од неколку општини, нема регистрирано ниту еден случај на мали сипаници. Како што потенцираше за МИА, епидемиологот Билјана Трајкова од установата, коодинатор за овие болести за целиот Повардарски регион, тие секојдневно се на терен и внимателно ја следат состојбата.