Најстудено во Лазарополе, снег на Маврово, Шапка, Крушево, Тополчани и Лазарополе
Лазарополе со минус 10 утрово беше најстудено место во Македонија. Следува Маврово со минус осум, минус седум Скопје-Петровец и Крушево, минус шест Тетово, Претор, Битола и Прилеп, минус пет Крива Паланка и Охрид, минус четири Скопје-Зајчев Рид и Берово, минус два Струмица, Демир Капија, Виница и Куманово, мула во Штип, до четири во Гевгелија и Дојран.