Три клучни проекти реализирани во Југозападниот плански регион
Енергетска ефикасност на јавни објекти, реконструкција и изведба на нова патна инфраструктура и подготовка на техничка документација за рехабилитација и изградба на нова патна инфраструктура во општините Струга, Охрид, Дебрца, Вевчани и Кичево се трите клучни проекти, што изминатава година ги реализираше Југозападниот плански регион во вредност од 26 милиони денари.