Битолски екологисти поставија најсофистицирана мобилна станица за мерење на загаден воздух
За тоа се погрижија еко- ентузијасти од граѓанската иницијатива Биста, кои на Широк сокак поставија мерна станица со сензори од независната платформа Airly за мобилни мерни станици, со која ќе се мери загадувањето на амбиенталниот воздух со параметри за ПМ- 10, ПМ- 2,5 и ПМ- 1 честички.