РСБСП почна кампања „Без изговори“, за сите учесници во сообраќајот
„Без изговори“ е новата кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата која во декември и јануари ќе се спроведе во Скопје, Охрид, Гостивар, Прилеп, Битола, Кавадарци, Штип и Гевгелија. Кампањата посочува на најчестите изговори што учесниците во сообраќајот ги користат за да го оправдаат непочитувањето на правилата.