Слаб снег провејува во делови од земјата
Сообраќајот на патиштата се одвива без забрани, по претежно влажни коловози. Слаб снег, што не се задржува на коловозот, провејува во Битола, Ресен, Кичево, Македонски Брод, Попова Шапка, Маврово и на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато и Пресека.