Општина Куманово со итни вонредни мерки за намалување на аерозагадувањето
Засилени инспекциски контроли за време на викендите, аеросолизација согласно временски услови, зачестено миење улици, садење садници, забрана за движење во одредени часови од денот, достава само во одредени периоди, препораки за неизлегување надвор за деца и ученици, се дел од вонредните мерки што веднаш ќе ги примени Куманово за намалување на аерозагадувањето, одлучија советниците на денешната седница.