Загадувањето руши рекорди во Кавадарци
Загадувањето со прекумерно присуство на ПМ 10 честички во воздухот руши рекорди во Кавадарци, реагираат од групата „Еко-аларм”. Во изјава за МИА, велат дека се свесни дека за загадувањето придонесуваат повеќе фактори, како неодговорни фирми, така и несовесни поединци.