Општина Велес прва во земјава ќе добие План за одржлива урбана мобилност според ЕУ стандардите
Општина Велес прва во Македонија ќе добие План за одржлива урбана мобилност според стандардите на Европската Унија, наведе градоначалникот на Општина Велес Аце Коцевски, посочувајќи дека планот претставува комплексна стратегија за развојот на урбанизмот, сообраќајот, енергетската ефикасност и екологијата,а со цел да обезбеди полесен и поубав урбан живот за граѓаните.