РСБСП: Пешаците се активни учесници во сообраќајот кои мора да ги почитуваат сообраќајните правила
Дали знаете која е најголемата и најактивната група учесници во сообраќајот? Доколку не го знаете одговорот, тој е - пешаците. Во рамките на секојдневните активности, секој човек, покрај со автобус, автомобил, мотор, велосипед, секојдневно и најчесто, во сообраќајот е вклучен во улога на пешак. Наутро до продавница по леб, до комшии, до училиште; од кола, преку пешачки, на работа...