РСБСП: Без изговори! Сигурносниот појас спасува живот
„Не ставам појас затоа што ме стега - не можам да возам“, „Кога возам на кратка релација, не ставам појас – не се исплати“, „Ако било пишано, појасот нема да те спаси“.... Ова се најчесто употребувани изговори во нашето сообраќајно секојдневие. Но, за жал, празни изговори... Возењето без појас е причина за голем број сериозно повредени лица во сообраќајни незгоди.