Акција за легализирање на дивите приклучоци на вода во Берово
Целта како што истакна Зоран Аговски, директор на Јавното претпријатие за комунални работи „Услуга”, е да запре т.н. кражба на вода, со што најдоцна до 31 декември, дивите корисници на вода ќе имаат можност да станат легални корисници на услугите на претпријатието.