Езеро гледаат, а нивите не можат да ги наводнуваат
Езеро гледаме пред нас, тоа ни е на неколку метри, на дофат на раката што се вели, а веќе неколку децении не можеме да ги наводнуваме лозјата и трпиме штети. Вака се пожалија во изјава за МИА, жители од селата Брушани, Ресава и Бегниште, кои се наоѓаат во близина на Тиквешко Езеро. Ја отвораат оваа тема сега, надевајќи се дека ќе се преземе нешто во овој правец, за нивите да не им страдаат за вода барем во наредниот период.