Уставен дозволи изградба на „Рудниците на смртта“, иницијаторите на референдумот: Нема да помине!
Рудниците на смртта во југоисточна Македонија сепак ќе се градат. Уставниот суд ја поништи одлуката на Советот на Општина Гевгелија, со која се распиша и одржа референдумот против овие рудници, во експресен рок, откако канадската компанија „Ресервоар минералс“ поднесе барање да се преиспита уставноста на одлуката на советот на Општината.