Еко-акција во брегот на Осломејското Езеро кај Кичево
За целосно да ја променат сликата на крајбрежјето на Осломејското Езеро, поголема група риболовци и љубители на чистата природа од Кичево и соседните села, денеска спроведоа еко-акција во опкружувањето на оваа акумулација, бидејќи на повеќе локации во крајезерскиот појас беа создадени вистински депонии од секаков вид ѓубре, што го одложиле неодговорните граѓани.