Одбележување на Европскиот ден на соработка во Дојран
Министерот за локална самоуправа Сухејл Фазлиу попладне во Стар Дојран, заедно со претставникот на управувачката структура за имплементација на Програмата за прекугранична соработка со Грција, Александрос Самарас и градоначалникот на општина Дојран, Анго Ангов, ќе учествува на манифестацијата Европски ден на соработка 2018 година.