Во Крива Паланка „Шопска софра 2018“ и ревија на народни носии „Пчиња-Краиште“
Во чест на 8 Октомври, Ден на oслободувањето на Крива Паланка, денеска покрај останатите свечености, се одржаа две автентични манифестаци на кои беа претставени традиционалната кујна, фолклор и колоритот на носиите од регионот: „Шопска софра“ и Дефиле-ревија на народни носии од прекуграничниот регион „Пчиња-Краиште“.