Донирани учебници и дидактички помагала во училиштата во Пустец
Основните училишта во општина Пустец, Мала Преспа добија учебници и едукативни материјали. Донацијата, издавачката куќа „Арс ламина - публикации“, е распределена на учениците од прво до четврто одделение во двете ОУ „Отпорот на Горичени“ во Долна Горица и „Трајан Ѓорѓиовски и Митре Колевски“ во Пустец и нивните подрачни училишта.