Во штипските училишта ќе учат 397 првачиња
Штип, 20 август 2018 (МИА) - Штипските основни училишта и оваа година ќе имаат помал број на запишани првачиња од предвидените бројки. Најмал број на првачиња до денеска се запишани во Општинското Основно училиште „Гоце Делчев“, каде што засега наместо три ќе се формираат две паралелки, бидејќи има запишано само 44 првачиња во централното училиште, вели директорот, Трајче Димов.