На Табановце за излез од Македонија се чека до половина час
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Утрово на граничниот премин Табановце се бележи зголемена фреквенција на возила, каде времето на чекање за излез од државата, е од 15 до 30 минути.