Бројот на пожарите во Прилепско зголемен за 30%, се бараат законски измени за казни
Според Кристијан Момироски, командир на прилепската противпожарна единица, главен предизвикувач е човекот, намерно или не, со палење стрништа, треви одредени површини. Таков пожар деновиве ќе ги пеплосаше манастирот „Св. Никола“ кај селото Прилепец и три околни села.