Нема евиденција колку од пасиштата на Шара се активни, узурпирани или напуштени
Пасиштата на Шар Планина се обраснати со смрека, не се знае колку од нив се активни, напуштени или пренаменети, а инфраструктурата е во катастрофална состојба. Патишта речиси нема, па, некој и да сака, не може да прошета и да ужива во природата, освен ако не дојде со џип.