Од 12:05 часот сообраќајот на магистралниот пат Гостивар - Стража се одвива наизменично, соопшти АМСМ.
Меѓународниот ден на Ромите 8 Април (понеделник), е неработен ден за припадниците на ромската заедница во Република Северна Македонија, соопшти Министерството за труд и социјална политика.
Последното деноноќие имало 21 пожар на отворено, утрово четири пожари сѐ уште се евидентирани како активни, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Граѓаните да вдомат куче, не да купуваат и пред сè да бидат одговорни сопственици, порачаа денеска надлежните ветеринарно сточарскиот центар „Тодор Велков“ од Куманово.
Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска се одржа информативен настан за третиот повик за проектни предлози во рамки на програмата за територијална соработка ИНТЕРЕГ Европа, информираат од СЕП.
Делегација предводена од амбасадорот на Австрија во државава, Мартин Памер, денеска беше во официјална посета на општина Крива Паланка. Иницијативата за воспоставување соработка беше на територијалната противпожарна единица од општината и командирот Иле Коцевски.
Зголемен е интересот за вакцинација по појавата на првиот случајот на пертусис. Од крајот на јануари досега вакцинирани се над 1.700 предучилишни дечиња и 915 деца на училишна возраст, соопштија денеска надлежните од вакциналниот пункт од Здравствен дом Куманово.
Коцев изјавил дека тоа претставува исклучителна можност за зближување не само на двата града, туку и на двете држави.
Продолжува периодот на претежно сончево и релативно топло време со појава на повремена умерена облачност.
Во Скопје претежно сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне 23 степени.