Амбасадорот на Австрија, Ренате Коблер денеска се сретна со градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. На средбата стана збор за можната, идна соработка на културен и економски план.
Општина Карбинци сака да го развива планинскиот туризам, за таа цел локалната власт и Планинарското друштво (ПД) „Лисец“ – Штип аплицираат за средства во висина од 380.000 евра преку Програмата за развој на руралниот туризам на Светска банка.
Од утрово гори депонијата Краста каде се сладира сметот од градот Куманово. Екипите и на ЈП „Чистота и Зеленило“ и на Територијалната противпожарна единица постојано се на терен, обидувајќи се да го стават под контрола пожарот кој се карактеризира со густи облаци од чад и непријатен мирис.
Градот Охрид стартот на главната туристичка сезона ќе го означи со „Бела ноќ“, манифестација што ќе понуди богата забавна програма со бројни музички содржини и настани до раните утрински часови.
Апликацијата ги содржи сите неопходни информации за објектите кои се во состав на археолошкиот локалитет, како и кус историјат за локалитетот и насоки за движење согласно неговиот историски наратив. Посетителите ќе може да ја спуштат апликацијата на самиот влез на локалитетот каде што е обезбеден и слободен интернет пристап.
ЈЗУ Општа болница Кавадарци доби автомобил за потребите на медицнискиот персонал. Автомобилот е донација на Дрекслмајер во рамки на програмата на компанијата за општествена одговорност.
Македонските ученици освоија еден сребрен и четири бронзени медали на 26. Балканска олимпијада по информатика (БОИ 2018) и 12. Јуниорска балканска олимпијада по информатика (ЈБОИ 2018), што од 7 до 13 јули се одржаа во Темишвар, Романија.
Со порака за добредојде на сите гости од земјава и странство и за добро расположение сите четири фестивалски вечери, синоќа во Прилеп е отворен 16 „Пивофест“.
Повеќе од шест часа голем мермерен блок е на патниот правец Прилеп – Градско, кај Плетвар, во близина на Каменоломот кај селото Тројаци.
Министерството за труд и социјална политика денеска соопшти дека за нов вршител на должноста директор во Центарот за социјални работи - Штип е именуван социјалниот работник Златка Иванова.