ЈЗУ Општа болница Кавадарци доби автомобил за потребите на медицнискиот персонал.

Автомобилот е донација на Дрекслмајер во рамки на програмата на компанијата за општествена одговорност.

Клучевите од автомобилот му беа врачени на директорот на болницата д-р Диме Коцев од страна на генералниот директор на Дрекслмајер Македонија, Лукас Мирингер.

За Болницата во Кавадарци оваа компанија порано донираше и најсовремени апарати - гастроскоп и колонскоп.