Синдикатот на Полицијата поднесе кривична пријава против командир на полициска станица Крушево
Како што наведуваат од синдикатот, постои основано сомнение дека пријавениот Н.Б во својство на службено лице – командир на ПС ОН Крушево, во времето на вршење на служба, пријавил кривично дело „Оддавање на службена тајна“, за кое воопшто немало ниту едно битие дека е сторено.