Стерјовски на тркалезна маса во Тирана: Суштинска точка во изборната реформа е застапеноста на малцинствата во Парламентот
Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, Васил Стерјовски, денеска учествуваше на тркалезна маса на дијалог во Тирана, организирана од претседателот на опозициската Демократска партија, Љуљзим Баша, со политичките партии.