Со презентација на документарен филм за почетоците на производство на македонскиот челик, компанијата „Макстил“ денеска ќе одбележи 20 години од постоењето и 50 години од челичната индустрија во Македонија.
Со воена свеченост денеска во касарната „Илинден“ ќе се одбележи Денот на баталјонот за врски од составот на Здружената Оперативна Команда (ЗОК)
Тој додаде дека земјоделството обезбедува приходи и вработување на приближно 17 отсто од работната сила во државата, иако реалниот придонес го надминува овој процент.
Источниот и Североисточниот регион први почнуваат со имплементација на студиите за интегрирано управување со отпад.
Здружението на бубрежно болни граѓани Нефрон денеска организира тркалезна маса по повод Европскиот ден на органодарителство, кој се одбележува под мотото „Дарувај орган – подари живот“.
Продолжуваат протестите на лозари пред винарската визба „Повардарие“ од Неготино поради неплатено грозје. Тие се закануваат дека доколку не ги добијат парите, ќе ги блокираат и патиштата од Неготино кон Штип и Кавадарци.
Вработените од прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ од изутрината протестирааат на влезот на Прилеп кај бензиската пумпа на „Лукоил“.
Со мирен марш и хуманитарна акција, Федерацијата на фармери (ФФРМ) и Мрежата за рурален развој денеска во Ресен и Отешево ќе го одбележат 15 октомври, Меѓународниот ден на руралната жена.
Тоше го нема, но остануваат неговите песни и неговите хумани дела, беше неподелено мислењето на фановите на Тоше Проески кои денеска дојдоа од цела Македонија, но и од Балканот.
До крајот на неделава ќе преовладува сончево и топло време со температура до 29 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.