Од 18 до 20 април ќе се одржи првиот Меѓународно акредитиран IMPLA имплантолошки конгрес во Скопје
Меѓународно акредитиран конгрес, со светски познати имиња од областа на денталната имплантологија ќе се одржи во Скопје, во хотел Хилтон од 18 до 20 април. На конгресот ќе учествуваат врвни стоматолози, орални и максилофацијални хирурзи од целиот свет.