За празник увезено, скапо цвеќе, за уредување градини има домашни расадници
Според податоците од Царинската управа, лани во земјава било увезено свежо цвеќе од близу 280 000 килограми во вредност од речиси 120 милиони денари. Најмногу се увезени рози, потоа хризантеми, па лилјани, каранфили, орхидеи, гладиоли, а најмалку лутиче.