Левица: Организирањето на Македонија во една изборна единица е првиот чекор во зауздувањето на трибалистичките влијанија во политиката!
Воопшто не е изненадување тоа што Владата, предводена токму од партијата која имаше предизборно ветување за една изборна единица, го одби Предлог-законот за изменување и дополнување на Изборниот законик во насока на една изборна единица, поднесен од група пратеници. Напротив, оваа власт предводена од СДСМ, исполнува исклучиво ветувања кои никогаш ги нема споменато пред народот туку ги има дадено на терти страни во служба на туѓи интереси