Македонската економија од ден во ден се повеќе се движи кон целосно фијаско. Владата на СДСМ нема план за справување со економската криза, како последица на КОВИД- 19 пандемијата.
Без реална помош кон стопанството, со задоцнети мерки, оставени стопански гранки без помош, сега Заев и неговиот економски тим решија повторно да удрат по џебот на граѓаните, но и кон и онака урнисаното стопанство, преку зголемување на даноците.
За само една година во Македонија останаа над 60.000 граѓани без работа и се затворија над 6.200 стопански субјекти. Сето ова е резултат на катастрофалните економски политики на Зоран Заев, Битиќи и останатиот економски тим.
Владата на СДСМ секојдневно се задолжува, а граѓаните не можат да видат ниту една реализирана крупна капитална инвестиција, додека севкупната реализација на капитални инвестиции е на рекордно ниско ниво.
Долгот на државата во овие четири години порасна за 2 милијарди и 800 милиони евра, или на 63% од БДП, а инфлацијата за оваа година, од предвидените 1,5 на НБРМ се зголеми на 3%.
За ВМРО-ДПМНЕ не е решение зголемувањето на даноците, туку намалување на даноците, справување до сивата економија и кратење на непродуктивните трошоци на оваа криминална влада.
За ваквите катастрофални економски политики СДСМ и Зоран Заев многу брзо ќе бидат казнети од граѓаните.