Мицкоски: Додека противпожарни возила се шлепаат, Шилегов набавил противпожарна скала за 1,7 милиони евра од Унгарија
По вчерашните слики на социјалните мрежи на кои се гледа како автомобил шлепа возила на противпожарната единица во Галичник, денеска на својот фејсбук профил Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ објави документи за набавка на противпожарна автомеханичка скала вредна нешто повеќе од 1,7 милиони € од Унгарска фирма од страна на Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.