Откако Христијан Мицкоски обелодени договор вреден 1,7 милиони евра кој го склучил градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов за набавка на противпожарна автомеханичка скала, тој преку својот фејсбук профил објави видео на кое ја прикажува скалата и се говори на српски, и додава дека грижата за Скопјани е негов приоритет. ​

Д-ка ТИ Христијане ја замараш македонската и скопската јавност со своите лаги и конструкции, ние веќе правиме обука на персоналот и вршиме технички прием на противпожарната скала, новото добро во нашиот град. Прав си. Ти одиш во Будимпешта по инструкции, некој друг по опрема за безбедноста на скопјани!

П.С. Продолжи и понатаму да се занимаваш со црнилото во својата душа. Јас ќе продолжам да се грижам за безбедноста на скопјани. Можеби малку ти е чудно во твоето црнило, но Скопје веќе е европски град, со европски и светски стандарди, искоментира Шилегов.