Николоски: Срамота е граѓаните затворени дома да чекаат вакцини, а Рашковски и Николовски да одат на одмори кои чинат колку еден стан
По информациите во јавноста дека владиниот функционер Драги Рашковски отишол во Мексико а вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски заедно со сопругата отишол на одмор во Дубаи, со реакција на својот фејсбук профил излезе и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.