По информациите во јавноста дека владиниот функционер Драги Рашковски отишол во Мексико а вицепремиерот за борба против корупција Љупчо Николовски заедно со сопругата отишол на одмор во Дубаи, со реакција на својот фејсбук профил излезе и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски.

- Вториот и третиот човек во Владата на Заев си одат на одмори во МЕКСИКО 🇲🇽 и ДУБАИ 🇦🇪! Одмори кои чинат колку ЕДЕН СТАН! А народот СЕДИ ДОМА во карантин и чека ВАКЦИНИ кои за жал НЕМА ДА ДОЈДАТ! ОСТАВКИ ВЕДНАШ! Неспособноста и алчноста чини човечки животи!, коментира Николоски.