Левица: Додека владејачкото мнозинство свесно и плански ја води државата кон дезинтеграција, директорот на ДЗС повторно се заканува со затворски казни
Откако група програмери укажаа на низа пропусти и недостатоци на апликацијата за попис на дијаспората, кој започна на 1 март, првиот човек на Државниот завод за статистика (ДЗС), наместо сериозно да се зафати со решавање на недостатоците на системот, тој повторно во стилот на власта, им се закани на граѓаните со затворски казни