Димитриеска Кочоска: Четири странски инвеститори ги раскинале договорите само последниов период, Македонија е на дното од Балканот
Гордана Димитриеска Кочоска, претседателка на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, на своето гостување во Радио Лидер утрово, истакна дека наспроти тврдењата на власта и Заев дека земјава има странски инвестиции тоа не е така затоа што само четири големи компании ги раскинале договорите последниов период, како и дека Македонија е на дното од Балканот што го покажуваат извештаите за рангирање на индекс на сранските инвестиции