Гордана Димитриеска Кочоска, претседателка на Комисијата за материјално-финансиско работење на ВМРО-ДПМНЕ, на своето гостување во Радио Лидер утрово, истакна дека најдобар пример колку Владата реализира капитални инвестиции е автопатот Кичево – Охрид кој за четири години сеуште не е направен.
-Најдобар пример за реализацијата на капиталните расходи е автопатот Кичево-Охрид кој Владата не успеа да го заврши за цели четири години, вели Димитриеска Кочоска.
Таа истто така објасни дека во врска во овој автопат кој граѓаните имаа можност да видат летово колку и како се прави, власта до сега во овие четири години можела да ги поправи сите грешки доколку ги имало и автопатот да е завршен, но тоа не е се случи, вели таа.
-Ако земеме да ги гледаме капиталните расходи како процент од вкупните расходи тие во минатото биле секогаш над 10 %, откако е СДСМ на власт се под 10%, значи 2018 година биле 6,1%, 2018 година биле 8,2% итн. појасни Димитриеска Кочоска.
Власта ги врти парите и ги прикажува како капитална инвестиција, а граѓаните немаат реална слика за колку точно расходи се реализирани во државава, па во последните два месеци од годинава имаме дупло поголемаа реализација, прашањето е како реализирала власта толку капитални расходи само за два месеца, праша Кочоска.
-Владата ги држела парите на бизнисмените претходната година, 84 милиони евра има реализација во декември, а во период од јануари до ноември биле реализирани 16 милиони евра, сега или има примери како Градска куќа со кои пумпаат износи или лажно се прикажуваа одредени активности како гребење на асфалт како капитални инвестиции, што во економијата се познати како одржување не како инвестиција, појасни Димитриеска Кочоска.
Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ