На опозицијата и фалат 3 пратеници за мнозинство, не е невозможно да ги обезбедиме, вели Николоски
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на вечерашното гостување во централниот Дневник на телевизија Сител освен на средбите со премиерите од трите земји Унгарија, Словенија, Хрватска кои ги посетија со претседателот Христијан Мицкоски, се осврна и на актуелната ситуација и актуелните теми во земјава како пописот.