ВМРО-ДПМНЕ: Веќе и во СДСМ не веруваат кога ќе слушнат дека се ветува некој нов капитален проект од оваа власт на Заев
СДСМ секоја година со истите ветувања, а реализација нема. Според ветувањата на СДСМ досега требаше да има 600 километри нови автопати, нов клинички центар, нов Студентски град и студентски домови, гасификацијата требаше да биде завршена и 32 општини да беа веќе гасифицирани, требаше да биде отпочната градбата на Чебрен, и десетици други капитални инвестиции