Николоски: Македонската борба за државност има континуитет, голем дел од партизанските одреди носеа имиња на Илинденци
Во своето гостување на радио мрежата Канал 77, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на прашања на новинарот истакна дека револтот кај граѓаните е огромен по изјавите на Заев од причина што борбата за Македонската држава имала континуитет а сега токму Заев сака сето тоа да го избрише.