Дојде времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна.

Граѓаните на Република Македонија се обединуваат против Заев, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува граѓаните денес на сенароден протест, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ „Борис Трајковски“ во Општина Карпош и СЦ „Јане Сандански“ во Општина Аеродром.

За доброто на Македонија, порачуваме заеднички: Оставка на Заев, слобода на народот!

Со почит, Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ