ДС: Министерот Османи да го повика бугарскиот амбасадор и да му врачи протестна нота
Демократскиот сојуз жестоко ја осудува изјавата на потпретседателот на Владата и министер за одбрана на Република Бугарија, г. Красимир Каракачанов, дека ќе испрати инженериски полк на бугарската армија или членови на организацијата ВМРО која ја предводи, за да ги отстрани спомениците во РС Македонија на кои има табли дека станува збор за жртви на бугарскиот фашистички окупатор