Антонио Милошоски, пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил ги објави измените на Законот за заштита од заразни болести коментирајќи дека во истиот се предвидени само казни а не и мерки кои ќе им помогнат на граѓаните во борбата против Ковид-19.
- Еве потврда дека СДСМ лаже дека во Законот за заштита од заразни болести предлага мерки за борба против Ковид19 пандемијата. Прочитајте сами:
Нема ниту една мерка за хроничните болни.
Ниту една мерка за зајакнување на државните здравствени институти за тестирање на населението.
Нема мерка за поддршка на медицинскиот персонал и ургентна дополнителна обука и едукација.
Нема мерка за поефтино тестирање на пензионерите како поризична категорија.
Нема мерка за широк опфат на тестирање на општините со поголем број на заразени, коментира Милошоски.