Менкиноски до Маричиќ: Програмата „ред и дисциплина“ ви е препишана од Бенито Мусолини, дури користите и негови флоскули
Тони Менкиноски, претседател на правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата Анализа на телевизија 24, во дебата со министерот за правда Бојан Маричиќ појасни дека програмата на СДСМ за делот на правото, насловен "Ред и дисциплина" е препишана програма од фашистичката партија на Бенито Мусолини.