Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Рашела Мизрахи реагираше на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска, која истакна дека Мизрахи била закана за македонските евроинтеграции.
- Мизрахи ја загрози македонската европерспектива е во превод Евреите се опасност за Европа како изваден цитат од говорите на Гебелс и неговиот фирер Хитлер.
Очекувам во следната ваква изјава на СДСM да бидам нацртана како карикатура со огромен нос и наочари.
ЗНАМ ДЕКА НЕМАТЕ СРАМ, НО МАКЕДОНИЈА СЕ СРАМИ ОД ВАС!, реагираше Мизрахи.